Отворени врати

Ние сме проектот Open Doors (Отворени врати), посветен на зачувување на фан содржини кои се под ризик. Имаме неколку под-проекти и обиди за спасување насочени кон архивирање и зачувување на различни фан дела и артефакти на фан културата.

Нашата мисија е да зачуваме фан дела за иднината и притоа да ги почитуваме нивните автори.

Нашите вредности се:

  • Меѓусебно почитување и почитување на креаторите
  • Работење заедно како тим
  • Обезбедување на одлична услуга на клиентите
  • Почитување и бодрење на диверзитетот
  • Отворено/ефективно меѓусебно комуницирање, како и со други комисии на OTW (Наша сопствена архива) и заедницата
  • Завршување на задачи и навремена комуникацијата со модераторите, креаторите, другите комисии на OTW, како и меѓусебно
  • Посветување на постојано подобрување на нашите процеси, вклучително и како одговор на заедницата и внатрешниот фидбек
  • Верување дека сите архиви и фан дела имаат значење и се еднакви
  • Формализирање и документирање на стандардни процеси кои што треба да се следат
  • Опремување на нашите волонтери со обука за да знаат и да дејствуваат во согласност со нашата мисија, вредности и воспоставени процеси

Нашата работа вклучува:

  • Онлајн архиви (страницата е достапна на англиски):
    Страницата Онлајн архиви води до зачуваните архиви и предизвици хостирани на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), кои го претставуваат поголемиот дел од работата на Open Doors.
  • Специјални колекции (страницата е достапна на англиски):
    Галеријата на специјални колекции вклучува дигитални проекти кои што моментално не можат да бидат интегрирани во AO3 или Fanlore. Ова вклучува .pdfs, мултимедијални фан дела, историски важни фан страници и други дигитални артефакти.
  • Fan Culture Preservation Project (Проект за зачувување на фан култури):
    Заедничко вложување помеѓу OTW и институции како одделот за Специјални колекции на Универзитетот на Ајова за да се архивираат и зачуваат фанзини и други недигитални форми на фан култури.
  • GeoCities Rescue Project (Проект за спасување на GeoCities) (страницата е достапна на англиски):
    Проект посветен на зачувување на фан страници кои ќе биле изгубени преку затворањето на GeoCities од страна на Yahoo во октомври 2009.
  • Yahoo Groups Rescue Project (страницата е достапна на англиски):
    Проект посветен на зачувуање фанфикции, фанарт и мета од Yahoo Groups кои што ќе биле изгубени преку затворањето на Yahoo Groups од страна на Веризон во јануари 2020.

За повеќе информации околу Open Doors проектот и нашите процеси, ве молиме посетете ѓи нашите ЧПП.