Општи прашања
Проектот Open Doors (Отворени врати) на OTW (Организација за трансформативни дела) е посветен на зачувување на фан-делата за во иднина. Нашата цел е да ги зачуваме особено оние фановски проекти што може да се изгубат поради недостаток на време, интерес или ресурси од страна на тековниот одржувач.
Нашите Услови за користење може да ги најдете под дел V, одредба D, од Условите за користење на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива).
За OTW (Организација за трансформативни дела) и АО3 (Наша сопствена архива) од исклучителна важност е оригиналните креатори на било какви фан-дела да бидат aкредитирани целосно и да имаат што е можно поголема контрола врз нивните дела. Open Doors (Отворени врати) има алатки и стандардни процедури за сигурност дека се направени сите разумни напори за контакт со креаторите пред и откако нивните дела ќе бидат увезени во АО3 (за да бидат информирани што се случува и да имаат можност да контактираат со нас доколку е тоа потребно), дека сите креатори се целосно акредитирани и дека креаторите секогаш можат да присвојат/избришат/да се одречат од или да ги променат нивните дела по желба.
Ве молиме контактирајте со Комисијата за Отворени Врати.
За фанови со архивирани фан-дела
Да, апсолутно. Видете на “Како ќе добијам контрола врз моите внесени дела?”. Со задоволство че работиме со Вас за да најдеме решение освен бришење, што го сочувува Вашето дело како дел од архивата на начин со кој сте задоволни. Како што спомнавме погоре, ја нудиме опцијата да се „осирачи“ делото, што би дозволило тоа да остане достапно, но ќе отстрани кои било идентификувачки информации кои би сакале да се отстранат.
Бидејќи архивистот кој ја контролира архивата која сте ја користеле решил да ја пренесе на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива). Иако сите алатки на AO3 се наменети да им дадат што е можно повеќе контрола на поединечните фанови, во случаите со големи архиви сметаме дека архивистот има одговорност и авторитет врз делата како колекција. Архивистите ги поместиле архивите на различни сервери, го обновиле софтверот што ги организира делата, го смениле веб-хостирањето итн. за да ја оддржат колекцијата на фан-дела во живот, онлајн и во целост. Трансферирањето или зачувувањето на колекција на АО3 е само уште еден начин да се осигура долготрајната достапност на архивата. Архивистот исто така ќе продолжи да има контрола врз колекцијата доколку сака и ќе може да ги постави правилата итн. Сепак, доколку поединечен фан сака да ги отстрани сопствените дела од оригиналната архива или од АО3, ние обезбедуваме едноставни алатки за да се стори тоа; видете подолу.
Пред да внесеме архива, објавуваме известување на блогот за вести на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), блогот на TransformativeWorks.org, OTW’s (Организација за трансформативни дела) Dreamwidth и LiveJournal News Journals, Tumblr, и твитер профилот на AO3: @ao3org. Исто така ги охрабруваме о
држувачите на архивите кои ги внесуваме да го публицизираат внесувањето на старата архива (доколку е можно) и на другите канали каде мислат дека засегнатите корисници би ги виделе вестите. Бидејќи ризичните архиви често се постари архиви каде многу од корисниците веќе не се присутни и/или ги промениле контакт податоците, не можеме да гарантираме дека сите засегнати ќе дознаат предвремено, но се трудиме да се осигураме дека луѓето се свесни за настанот.
Кога ќе се случи внесување, се праќа е-порака до секој корисник чие дело е внесено. Овие е-пораки ќе одат кон адресата на е-пошта која е поврзана со сметката на старата архива. Ова значи дека ако веќе немате пристап до таа адреса, нема да бидете известени автоматски – се надеваме дека другиот публицитет околу внесувањето ќе помогне оние кои се засегнати да ги слушнат вестите. Имаме листа на внесени архива на Open Doors (Отворени врати) Галерија на посебни колекција.
Кога Вашето дело ќе се внесе во Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива, ќе се случат неколку работи:
- Ќе Ви испратиме порака на е-поштенската адреса која е регистрирана на внесената архива, за да Ве известиме за внесувањето.
- Ако веќе имате корисничка сметка на АО3 со истата адреса, вашите дела автоматски ќе бидат додадени на Вашата сметка. (Оние дела кои веќе сте ги трансферирале користејќи ја URL Importer алатката на АО3, нема повторно да бидат внесени.)
- Ако веќе имате сметка, но под друга адреса, сепак можете да ги преземете Вашите дела користејќи го линкот за преземање во пораката за известување.
- Ако немате сметка на АО3 под таа е-поштенска адреса, ќе бидете поканети да создадете нова, а потоа да ги преземете Вашите внесени дела и да ги поврзете со таа сметка.
- Вашите внесени дела по правило ќе бидат ограничени на логирани АО3 корисници сѐ додека не ги преземете и изберете дали сакате делата да бидат јавно видливи. Во некои случаи (особено оние каде оригиналната архива била отворена за јавноста и архивистот го побара ова) делата ќе се префрлат во јавно видливи по три месеци без разлика на тоа дали се преземени или не.
Кога архивата се внесува на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), ќе бидете известени по е-порака. Доколку немате сметка, ќе бидете поканети да создадете АО3 сметка (без да се пријавувате за нашата вообичаена листа за чекање за покани). Јеј! Ако веќе имате сметка, ќе можете да ги преземете делата со таа сметка.
- Ако е-поштенската адреса регистрирана на оригиналната адреса е иста со адресата регистрирана на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива):
- Ќе добиете е-порака која ќе ве извести дека Вашите дела се внесени и додадени на Вашата сметка.
- Ако имате пристап до е-поштенската адреса поврзана со сметката на оригиналната архива, ќе добиете е-порака која ќе Ве извести дека Вашите дела се внесени и ќе Ви ги даде следните опции:
- Да ги преземете делата на АО3 и да создадете нова сметка со која ќе бидат поврзани (ова значи дека ќе добиете АО3 сметка ако веќе немате). Потоа можете да ги уредувате, бришете итн делата на истиот начин како и кои било други дела што сте ги објавиле на АО3.
- Да ги преземете делата и да ги поврзете со Вашата постоечка АО3 сметка.Потоа можете да ги уредувате, бришете итн делата на истиот начин како и кои било други дела што сте ги објавиле на АО3.
- Да ги избришете внесените дела. Ако го сторите ова, ќе ја имате опцијата да спречите внесување на други дела поврзани со таа сметка на АО3 во иднина.
- Да ги осирачите внесените дела. Ова ги остава делата на АО3, но ги отстранува делата од контрола на која било корисничка сметка. Може да изберете дали да го отстраните имете со кое биле поврзани на старата архива или да го оставите како псевдоним. (Имајте на ум: ако изберете да ги осирачите Вашите дела, би требало најпрво да ги прегледате и да ги уредите за да отстраните идентификувачки податоци.)
- Ако немате пристап до е-поштенската адреса поврзана со сметката на оригиналната архива:
- Контактирајте ги Open Doors со Вашето корисничко име на оригиналната архива, кои било информации кои можат да го потврдат Вашиот идентитет.
Внесената архива ќе биде претворена во колекција на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), така што ќе остане индивидуално различна и ќе може да се прегледува посебно од главната архива. Внесените дела исто ќе бидат пристапни од главните АО3 страници (така што може да добиете нови читатели!). Онаму каде што е можно, ќе имплементираме пренасочувања од оригиналниот архивски домен до АО3: ова ќе го објавиме на основа случај по случај.
Ако сте го внеле делото од оригиналната архива користејќи ја нашата алатка за внесување, тогаш делото нема повторно да биде внесено, а Вашата постоечка верзија автоматски ќе биде поврзана со новата колекција. Ако сте го објавиле делото рачно или сте го внеле од друг линк, тогаш ќе треба да решите што да правите со дупликатот. Имајте на ум дека кога е можно, веб-адресите на внесените архиви ќе пренасочуваат кон внесената копија на овие дела (за да се зачуваат листите за препораки и маркерите), па според ова можете:
- Да чекате за алатката за спојување која моментално во развој, која може да ги комбинира прегледите и рецензиите на двете копии, истовремено зачувувајќи само едно дело (и зачувувајќи го линкот за пренасочување, ако е можно).
- Да ја избришете внесената копија (со тоа ќе се скрши линкот за пренасочување, ако е можно) и да ја додадете постоечката копија во колекцијата на внесената архива.
- Да ја избришете постоечката копија на АО3.
- Кога е можно, да побарате од Open Doors да се ресетира пренасочувањето кон постоечката копија на АО3. За да го сторите ова, Ве молиме контактирајте ги Open Doors (Отворени врати) со Вашете корисничко име на АО3 и линкови на делата кон кои сакате пренасочувањето на води.
Зачувувањето на фановската историја е централен дел на нашата мисија – ја сакаме многубројноста на фандомите и сакаме да има многу индивидуални архиви, а сакаме да се осигураме дека ако некој веќе не одржува одредена архива, тој дел на фандомите нема да се изгуби. Би сакале да можеме да ги зачуваме самите архиви, но потребните ресурси се преголеми: на секоја архива би ѝ било потребен сопствен серверски простор, тим на кодери кои ќе можат да го одржуваат и/или препишуваат позадинскиот код, посебни модератори итн. Со внесувањето на архивите на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива) како посебни колекции, можеме да ја спасиме прекрасната фановска креативност и малку од оној индивидуален идентитет, истовремено осигурувајќи се дека треба да поддржуваме само еден сет на код, еден сет на сервери и еден тим за поддршка.
Контактирајте ги Open Doors (Отворени врати) со е-поштенската адреса регистрирана на архивата која се внесува и побарајте блокирање за таа адреса. Блокирањето на адресата ќе го спречи групниот внесувач кога било да внесе дело поврзано со таа адреса. Ако веќе немате пристап до е-поштенска адреса која сакате да ја блокирате, Ве молиме вклучете ги кои било информации кои би можеле да го потврдат Вашиот идентитет. Ве молиме за разбирање, дека во таквите случаи, секое барање ќе биде внимателно прегледано и потврдено.
Fan Culture Preservation Project (Проект за зачувување на фан-култури)
OTW (Организација за трансформативни дела) и Универзитетот во Ајова ќе истражуваат начини да дигитализираат дел од овие материјали за фановите кои сакаат да ги разгледаат да можат да го направат тоа, иако не се во можност да дојдав во Ајова, во Соединетите Американски Држави. Се надеваме дека ќе стапиме во контакт со голем број од креаторите на овие дела за да добиеме дозвола да ги споделиме пошироко онлајн.
Почитувањето на правата и приватноста на фановите е највисок приоритет и за Универзитетот во Ајова и за OTW (Организација за трансформативни дела). Стандардните јавни листи ќе го содржат само името на зинот и фандомот (на пр. Blake’s Seven: The Other Side 1, 3 [1986-1987]), исто како што списанијата се набројани во каталозите на библиотеките. Меѓутоа, се надеваме дека ќе добиеме дозвола од индивидуални автори и уредници да ги споделиме нивните дела пошироко онлајн.
Предметите во колекцијата ќе останат на Универзитетот во Ајова. Меѓутоа, тимот за Посебни колекции може да фотокопира и испрати до 100 фотокопии на научници и други заинтересирани странки по цена од околу 25 центи од страна, во согласност со нивните стандардни процедури.
Да. Можеме да Ви помогнеме соодветно да го формулирате тоа.
Контактирајте ја Комисијата за Отворени врати за помош околу донирањето на овој проект.
Можеме да Ви помогнеме! Fan Culture Preservation Project (Проектот за зачувување на фан-култури) може да ја организира не само поштарината, туку и подигнувањето на донациите од страна на UPS. Не дозволувајте цената или обемот да Ве спречат да донирате.
Не. И Fan Culture Preservation Project (Проектот за зачувување на фан-култури) и Универзитетот во Ајова се заинтересирани да собираат материјали од фановите ширум светот, вклучувајќи и материјали кои не се на англиски јазик или не доаѓаат од држави каде се зборува англискиот јазик. Меѓутоа, како и кај донациите од САД, можноста да помогнеме со доставата ќе зависи од достапните ресурси.
Меморијални архиви
Меморијалните архиви на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива) се архиви на фан-дела на креатори кои починале. Овие архиви најчесто ги креира AO3 во соработка со наследниците или назначениот фан-наследник на починатиот креатор.
Овие колекции имаат за цел да го зачуваат наследството на креаторите по нивната смрт и да се осигураат дека нивните дела ќе останат достапни.
Можете посмтрно да креирате збирка за некој автор преку меморијаните архиви на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива). За да го направите ова, мора да бидете наследник или фан-наследник на авторот. Барањата за меморијални архиви можете да ги испратите директно преку нашиот формулар за контакт. Откако ќе го примиме формуларот, можеме да почнеме со процесот. Овој процес се состои од тоа што Вие и еден член на Отворени врати потпишувате меморандум на разбирање кој содржи детали за условите на импортот, објавувањето на меморијалната збирка и креирање на архивска корисничка сметка за Вас, со која можете да ги објавите делата.
Кај Open Doors (Отворени врати), барањата за меморијалните архиви може да ги направат само наследниците или фан-наследниците на авторот. Но, доколку сакате да се импортитаат фан-делата на некој автор, можете да нè контактирате преку нашиот формулар за контакт и да вклучите информации за наследниците или фан-наследниците на авторот, доколку ги имате.
Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива) им овозможува на корисниците да назначат некој кој ќе управува со нивните фан-дела во случај да починат или бидат онеспособени. Open Doors (Отворени врати) може да ги прифати барањата за меморијални архиви само од страна на наследниците или фан-наследниците на починатите. За повеќе информации околу фан-наследниците и како да назначите некој како Ваш фан-наследник, погледнете ги ЧПП за АО3.