Зошто би сакал/a да ja префрлам мојата онлајн архива/фановски проект на Open Doors (Отворени врати) и OTW?

Има неколку предности на зачувувањето или пренесувањето на фан-делата во Вашата архива.

  • Долготрајно зачувување: Вашата архива ќе се одржува и поддржува дури и ако изгубите пристап до интернет, интерес или време.
  • Инфраструктура: OTW (Организација за трансформативни дела) е наменета да привлече волонтери како и да обезбеди совети и техничка помош за одржување и проширување на Вашата колекција или проект.
  • Поттикнување на прилози: Волонтерите и придонесувачите полесно ќе ги вложуваат нивното време и енергија во проект кога имаат вистинско очекување дека нивната работа ќе биде зачувана за во иднина.
  • Финансиска поддршка во непрофитна средина: OTW никогаш нема да ја експлоатира Вашата работа или работа на Вашите придонесувачи за индивидуален профит.