Како ќе добијам контрола врз моите внесени дела?

  • Ако е-поштенската адреса регистрирана на оригиналната адреса е иста со адресата регистрирана на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива):
    1. Ќе добиете е-порака која ќе ве извести дека Вашите дела се внесени и додадени на Вашата сметка.
  • Ако имате пристап до е-поштенската адреса поврзана со сметката на оригиналната архива, ќе добиете е-порака која ќе Ве извести дека Вашите дела се внесени и ќе Ви ги даде следните опции:
    1. Да ги преземете делата на АО3 и да создадете нова сметка со која ќе бидат поврзани (ова значи дека ќе добиете АО3 сметка ако веќе немате). Потоа можете да ги уредувате, бришете итн делата на истиот начин како и кои било други дела што сте ги објавиле на АО3.
    2. Да ги преземете делата и да ги поврзете со Вашата постоечка АО3 сметка. Потоа можете да ги уредувате и бришете делата на истиот начин како и кои било други дела што сте ги објавиле на АО3.
    3. Да ги избришете внесените дела. Ако го сторите ова, ќе ја имате опцијата да спречите внесување на други дела поврзани со таа сметка на АО3 во иднина.
    4. Да ги осирачите внесените дела. Ова ги остава делата на АО3, но ги отстранува делата од контрола на која било корисничка сметка. Може да изберете дали да го отстраните имете со кое биле поврзани на старата архива или да го оставите како псевдоним. (Имајте на ум: ако изберете да ги осирачите Вашите дела, би требало најпрво да ги прегледате и да ги уредите за да отстраните идентификувачки податоци.)
  • Ако немате пристап до е-поштенската адреса поврзана со сметката на оригиналната архива:
    1. Контактирајте ги Open Doors со Вашето корисничко име на оригиналната архива, и кои било информации кои можат да го потврдат Вашиот идентитет.